На споменикот венци со свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна, делегација на претседателот на Република Северна Македонија, делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегација на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски во придружба од министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу положија венци свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот од зградата на Владата.
„Положувањето цвеќе на споменикот ‘Ослободители на Скопје’ е дел од пригодните активности кои во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, како за чествување и за оддавање почит на сите кои учествуваа во поразот на фашизмот во Втората светска војна, како и на сите оние кои учествуваа во изградбата на Европската Унија“,
стои во владиното соопштение.
На споменикот „Ослободители на Скопје“, венци со свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна, делегација на претседателот на Република Северна Македонија, делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации.
