Најави дека во следниот период ќе работат на модернизација и реконструкција на охридскиот аеродром со цел да се привлечат нови туристи
По повеќе од 60 години аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид конечно е легализиран, информира денеска на неговиот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„На последниот ден од оваа 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970 година конечно е легализиран“,
напиша тој на Фејсбук.
Како што посочи тој, изминатата година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеле да се впише охридскиот аеродром во катастар и објектот да добие имотен лист.
„Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста“,
вели тој.
Најави дека во следниот период ќе работат на модернизација и реконструкција на охридскиот аеродром со цел да се привлечат нови туристи.
