Победата на републиканците, рече унгарскиот премиер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, го отвора прашањето за европските лидери дали Европа ќе може сама да го одржи сегашното ниво на воена и финансиска поддшка за Украина
По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, ќе биде потребно да се донесе нова европска стратегија за Украина. Ова денеска во своето обраќање на самитот на Организацијата на турските држави во Бишкек денеска го изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
Победата на републиканците, рече Орбан, го отвора прашањето за европските лидери дали Европа ќе може сама да го одржи сегашното ниво на воена и финансиска поддршка за Украина.
„Постојат сериозни сомнежи за ова и ќе биде потребна нова европска стратегија“,
рече Орбан, додавајќи дека првите чекори за тоа би можеле да се направат утре на самитот на европските лидери во Будимпешта.
Најтешкото прашање што треба да се реши, рече тој, е судбината на заемот од 50 милијарди евра за Украина, за кој претходно одлучи Г7 и треба заеднички да го финансираат ЕУ и САД.
Претходно денеска унгарскиот премиер во објава на Икс му ја честита изборната победа на Трамп, оценувајќи ја за најголемо враќање во политичката историја на САД и победа која му е многу потребна на светот.
„Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп на неговата огромна победа. Многу потребна победа за светот!“,
напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан во објавата на Икс.
The biggest comeback in US political history! Congratulations to President @realDonaldTrump on his enormous win. A much needed victory for the World!
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) November 6, 2024