Шефот на унгарската дипломатија се осврнува на неодамнешната одлука на САД, кои ги зголемија царините на европска стока на 15 отсто како и на „понижувачкиот прием на Фон дер Лајен за време на посетата на Кина“

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, смета дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доживеала два значајни дипломатски порази во една недела и оцени дека Европската Унија станала цел на понижување и исмевање во светската политика.
- Трамп и фон дер Лајен постигнаа историски трговски договор меѓу САД и ЕУ
- Италија и Германија го поздравуваат трговскиот договор со САД, француската опозиција е против
- Орбан: Со договорот меѓу ЕУ и САД, Трамп ја изеде Фон дер Лајен за појадок
- Бајру: Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ е црн ден за Европа
Сијарто се осврнува на неодамнешната одлука на САД, кои ги зголемија царините на европска стока на 15 отсто, како и на „непријатно понижувачкиот прием на Фон дер Лајен за време на посетата на Кина, дочекана како турист, а не како официјален претставник на ЕУ“.
Тој ги критикуваше западноевропските лидери кои претходно остро зборуваа за американскиот претседател Доналд Трамп и кинеските функционери, тврдејќи дека сега ја плаќаат цената на тие изјави.
„Коментарите за Трамп сега ѝ се удираат од глава на Европската унија. Царините растат, а ЕУ е понижена“,
изјави Сијарто.
Според него, доколку не биле попречувањата од страна на Украина и западноевропските политичари, решението за војната во Украина би било на дофат.
Воедно шефот на унгарската дипломатија ги поздрави директните разговори меѓу американскиот и рускиот претседател, посочувајќи дека по нивниот дијалог, светот е побезбеден.
Тој заклучи дека Унгарија ќе остане безбедна и стабилна сè додека е на власт национална влада, и рече дека доколку на власт дојдат функционери блиски до Брисел, би можело да се загрози стабилноста на неговата држава.