Милошоски утрово напиша дека додека Георгиев бил судија во Врховниот суд, а Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители, правеле пазар наместо правда, по што дополни дека Коцевски направил лесна спогодба со двајцата за нивните казни
Во ниту еден предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес, велат од ЈОРСМ, откако пратеникот Антонијо Милошоски преку објава на Фејсбук го поврза Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе Георгиев.
„Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“,
реагираа од ЈОРСМ.
Милошоски утрово напиша дека додека Георгиев бил судија во Врховниот суд, а Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители, правеле пазар наместо правда, по што дополни дека Коцевски направил лесна спогодба со двајцата за нивните казни.
Републичкиот обвинител Коцевски деновиве е тема на разговор меѓу припадниците на владејачкото мнозинство и министерот за правда Игор Филков, кој, пак, во интервју за МКД.мк рече дека оставка од Коцевски би бил логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем.
„Ако Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, тоа нема да значи дека постапката е завршена. Министерството за правда и Владата имаат обврска да ги преземат сите законски мерки и да го почитуваат процесот предвиден во Законот за јавното обвинителство, вклучително и можноста за покренување на постапка пред Собранието на Северна Македонија“,
рече Филков.