Лами го окарактеризира нападот како убиство на цивили, уништување на домови и оштетување на згради, вклучувајќи ги објектите каде се сместени Британскиот совет и Делегацијата на ЕУ во Киев
По последните руски напади врз Киев, во кои се убиени најмалку 15 лица, а зградата во кои се наоѓаат канцелариите на Делегацијата на Европската Унија и на Британскиот совеет се оштетени, британското Министерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот амбасадор во Велика Британија.

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, денеска потврди дека го повикал рускиот амбасадор во Велика Британија на разговори, откако Русија изврши напад врз Киев во текот на ноќта, користејќи ракети и беспилотни летала.
Лами го окарактеризира нападот како убиство на цивили, уништување на домови и оштетување на згради, вклучувајќи ги објектите каде се сместени Британскиот совет и Делегацијата на ЕУ во Киев.
„Го поканивме рускиот амбасадор. Убиствата и уништувањето мора да престанат“,
рече шефот на британската дипломатија.
Неколку европски лидери и претставници на ЕУ го осудија нападот на Русија врз Киев во текот на ноќта.
Меѓу целите беа зградата на делегацијата на ЕУ и канцеларијата во Киев на Британскиот совет, меѓународната организација на Обединетото Кралство за културни и образовни односи.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, објави дека Унијата денес ќе го покани рускиот вршител на должноста амбасадор во Брисел на сослушување.
„Додека светот бара пат кон мир, Русија одговара со ракети. Ноќниот напад врз Киев покажува намерна одлука за ескалација и исмејување на мировните напори. Русија мора да го запре убивањето и да преговара“,
рече таа.
While the world seeks a path to peace, Russia responds with missiles.
— Kaja Kallas (@kajakallas) August 28, 2025
The overnight attack on Kyiv shows a deliberate choice to escalate and mock the peace efforts.
Russia must stop the killing and negotiate.