Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува
Денеска по котлините во поголемиот дел од денот ќе биде магливо и постудено, а во останатите подрачја од земјава се очекува сончево и претежно тивко време, со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус четири до четири Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од два до 15 степени.
Во Скопје во поголемиот дел од денот ќе биде магливо и тивко. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до шест Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.