Поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен почина по компликации од ковид-19. Тој битката со коронавирусот ја загуби на 94-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави неговото семејство откако тој синоќа починал во семејната куќа.
Валери Жискар Дестен беше претседател на Франција во 1974 година, а на функцијата беше до 1981 година. Во текот на пандемијата, експретседателот во два наврата завршуваше во болница. Прво во септември, поради инфекција на белите дробови, а кон средината на ноември повторно беше хоспитализиран поради проблем, како што беше тогаш објавено, со срцева слабост.

Неговиот погреб ќе биде во интимна атмосфера, во присуство на семејството.
Валери Жискар Дестен влезе во историјата како како најмлад лидер на таа позиција во поствоениот период. Пред да стане претседател, тој имаше и министерски мандати во ресорите економија и финансии. Неговото последно појавување во јавноста беше на 30 септември 2019 година кога присуствуваше на погребот на Жак Ширак, исто така поранешен претседател на Франција, но и премиер во периодот од 1972 до 1976 година односно во периодот кога Жискар беше претседател.
