Според полицијата, вчера во 17:35 часот е пријавено дека на подрачјето на Бит-пазар во Скопје по претходна расправија за случена сообраќајна незгода, настанала физичка пресметка меѓу Б. Б. (21) од Скопје и друго машко лице
По расправија за случена сообраќајна несреќа на Бит-пазар во Скопје, со остар предмет е повредено едно лице, а на местото на настанот, напаѓачот испукал и неколку куршуми, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според полицијата, настанот е пријавен вчера во 17:35 часот на подрачјето на Бит-пазар во Скопје дека по претходна расправија за случена сообраќајна незгода, настанала физичка пресметка меѓу Б. Б. (21) од Скопје и друго машко лице.
„Машкото лице со остар предмет му нанело повреда на Б. Б. Потоа заминало од местото на настанот, но набргу се вратило и испукало неколку истрели од огнено оружје, по што нема повредени“,
се вели во полициското соопштение.
Како што информираат оттаму, се преземаат мерки за расчистување на случај.
