Присуството на мешани патроли ќе биде во согласност со тековниот план за соработка меѓу словенечката армија и полицијата. Истиот механизам беше применет во 2015 година за време на мигрантската криза, кога се покажа како ефикасна поддршка за полицијата во одржувањето на безбедноста
По трагичниот настан во Ново Место, каде што беше убиен 48-годишен маж, словенечките власти донесоа одлука за зајакнување на безбедносните мерки во регионот Доленска. Таму се распоредени засилени полициско сили, а Советот за национална безбедност активира мешани патроли, составени од припадници на полицијата и од словенечката армија.

Како што информираше РТВ Словенија, војската ќе ја поддржува полицијата со персонал и техничка опрема.
Секретаријатот на Советот предложи до Владата активирање на член 37 од Уставот, со најави дека безбедносната состојба ќе се следи редовно или еднаш месечно.
Од Владата, пак, соопштија дека војниците нема да имаат полициски овластувања за време на активностите.
Присуството на мешани патроли ќе биде во согласност со тековниот план за соработка меѓу словенечката армија и полицијата. Истиот механизам беше применет во 2015 година за време на мигрантската криза, кога се покажа како ефикасна поддршка за полицијата во одржувањето на безбедноста.
Доколку владата ја потврди оваа мерка, ќе се активира член 37 од Законот за одбрана, според кој словенечката армија може да соработува со полицијата во поширок надзор на државната граница и на територијата во рамките на државата, во согласност со плановите и со претходна одлука на владата.
Новите мерки на југоистокот од земјата следуваат по инцидентот во кој, според досегашните информации, припадник на ромската заедница усмрти 48-годишниот маж.
Нападот се случи на 25 октомври, околу 2:30 часот наутро, кога маж дошол во бар на улицата „Розманова“ за да го земе својот син, кој му се јавил бидејќи му се заканиле група Роми.
Според првичните информации, мажот бил претепан од групата, а полицијата уапсила 20-годишен осомничен припадник на ромска заедница, пренесоа словенечките медиуми.
По овој настан, премиерот на Словенија, Роберт Голоб, свика кризен состанок, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати.
