Андора и Белгија објавија дека ќе ја признаат палестинската држава откако ќе бидат ослободени сите заложници и Хамас веќе нема да биде на власт
Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ова е почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави. На идејата, кревка, но сепак можна, дека мирот може да преовлада. Постојат моменти во историјата кога целта на мирот бара и морална јасност и политичка храброст“,
изјави премиерот на Луксембург, Лук Фриден, пред Генералното собрание на ОН, додавајќи дека одлуката не е насочена против Израел или неговиот народ.
Андора и Белгија објавија дека ќе ја признаат палестинската држава откако ќе бидат ослободени сите заложници и Хамас веќе нема да биде на власт.
„Ефикасното водење дипломатски односи со новата држава Палестина, вклучително и отворањето белгиска амбасада и склучувањето меѓународни договори, ќе се спроведе откако ќе бидат постигнати целите на Њујоршката декларација“,
изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера официјално ја призна државата Палестина во име на Франција.
„Франција денес ја признава државата Палестина… за мир меѓу израелскиот и палестинскиот народ. Дојде време“,
свечено изјави Макрон во својот говор во Њујорк на конференцијата за решението со две држави, потврдувајќи дека со тоа е верен на историската посветеност на Франција кон Блискиот Исток..
Пред два дена, Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина.