Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди на зголемениот ризик од глад во Појасот Газа, каде, според него, два милиони луѓе веќе гладуваат
Израел дозволи премин на камиони со храна за бебиња во Газа, објави израелското Министерство за надворешни работи, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе биде дозволен влез на мала количина помош по двомесечна блокада, пренесува Би-би-си.

„Израел го олесни влезот на камиони со храна за бебиња во Газа. Во наредните денови Израел ќе го олесни влезот на десетици камиони со помош“,
изјави за новинарите Деден Бар-Тал, генерален директор на израелското Министерство за надворешни работи на прес-конференција во Ерусалим.
Со недели, агенциите на ОН и меѓународните невладини организации со седиште во Газа известуваат за недостигот на храна, вода за пиење, гориво и лекови на таа палестинска територија, која е во војна повеќе од 19 месеци.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди на зголемениот ризик од глад во Појасот Газа, каде, според него, два милиони луѓе веќе гладуваат.
Израел под притисок на меѓународната заедница соопшти дека ќе дозволи ограничено продолжување на хуманитарната помош додека започнува големи копнени операции во Газа.
Одлуката да се дозволи помошта да влезе на палестинска територија, повеќе од два месеци откако Израел воведе блокада на Газа на 2 март, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „тешка, но неопходна“.