Приведениот 45-годишник бил затекнат во продавница, а треба да одлежи 25 години затвор
Полицијата во Варшава уапси маж осуден за убиство, кој дваесет години е во бегство затоа што не носел маска во продавница, изјави за Франс прес портпаролката на полициските сили, пренесува „Индекс.хр“
„Човекот беше приведен од полицијата во областа Биелани бидејќи не носел маска“,
наведе Елвира Козловска во електронска порака.
Приведениот е 45-годишен маж. Тој треба да одлежи 25-годишна затворска казна.
Козловска одби да каже за каков случај на убиство станува збор.