Полицијата синоќа пронашла возило „хјундаи“ сопственост на Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое пред два дена било пријавено за украдено.
„Хјундаито“ било пронајдено вчера околу 22:50 часот на патот од селото Шишево кон селото Грчец.
Возилото било пријавено за украдено во средата (15 декември) околу 16 часот од улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје.