Раѓањето на републиката, точно на 55-годишнината од прогласувањето независност, ги прекинува практично сите колонијални врски што го држеа овој мал остров подреден на британската монархија откако англиски брод го присвои во 1625 година
Со инаугурацијата на новоизбраната претседателка Сандра Мејсон, првпат во својата историја, малиот карипски остров Барбадос точно на полноќ по локално време стана република, прекинувајќи ги последните врски со Велика Британија по четири века колонијално потчинување.

Новата република се роди на полноќ – 5 часот по средноевропско време – откако беше спуштено британското кралско знаме и подигнато претседателското знаме на преполниот плоштад на хероите во Бриџтаун.
На последната транзиција на овој остров од монархија во република присуствуваше и принцот Чарлс, британскиот престолонаследник.

Отфрлањето на Елизабета Втора, на која ѝ останаа уште 15 кралства – вклучувајќи ги Британија, Австралија, Канада и Јамајка – Барбадос го гледа како последна фаза во процесот на ослободување на демоните од нивното колонијално минато.
По раскошната музичко-сценска програма надополнета со говори во чест на крајот на колонијализмот, во сенка на зградата на парламентот, Сандра Мејсон ја презеде функцијата како прв претседател на Барбадос.

Раѓањето на републиката, точно на 55-годишнината од прогласувањето независност, ги прекинува практично сите колонијални врски што го држеа тој мал остров подреден на британската монархија откако англиски брод го присвои во 1625 година.
