Полицијата била информирана дека неколку училишта во областа на кантонот добиле електронска пошта со содржина дека во училиштата се поставени бомби
Неколку училишта во кантонот Сараево денеска наутро добија дојави за поставени бомби.
Како што изјави за Н1 портпаролот на МВР на кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ, полицијата била информирана дека неколку училишта во областа на кантонот добиле електронска пошта со содржина дека во училиштата се поставени бомби.
„Во оваа насока се преземаат мерки и дејствија кои вклучуваат контрадиверзивни прегледи“,
рече Хаџиабдиќ.
Според информациите на Н1 Сараево, бомби биле пријавени во неколку основни училишта во реонот на општините Стари Град и Ново Сараево, а децата се вратени дома до завршување на прегледот.
Минатата недела, голем број училишта низ Србија добија извештаи за поставени бомби. Заканите стигнаа и до музеите, трговските центри и многу владини институции.
По детална проверка на екипите за контрадиверзија, било утврдено дека дојавите за поставените бомби се лажни.
Институциите утврдија дека некои дојавите доаѓаат и од странство.