По цели четири децении ќе се реконструираат ски-лифотвите на Пониква со цел да се развива туризмот. Преку Јавното претпријатие за државни патишта, Владата издвои средства да се реконструира патот, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбедени се 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција ски-лифтовите во рамки на Источниот плански регион.

Со проектот е опфатена реконструкција на постојните ски-лифтовите со должина од вкупно 692 метри, замена на сајли, котви, лагери, редуктори, комплетна електроника, репарација на стопи и бојадисување на столбови и друго. Со реконструкцијата на ски лифтовите на Пониква ќе се зголеми побарувачката за спортски туризам, ќе се привлечат спортски клубови и спортисти, како и аматери, деца и љубители на зимскиот туризам и ќе се зголеми безбедноста на посетителите.
„Со комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски-лифтови се очекува да се подобрат условите за скијање, да се намалат досегашниот метеж, односно да се зголеми капацитетот на гости. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за работа на ски клубовите и школите за млади скијачи, како и подобри услови за скијање на сите потенцијални скијачи и туристи на Поникв“,
вели министерот за локална смаоуправа, Горан Милевски.
Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, рече дека ски-лифтовите се изградени пред нешто повеќе од 40 години. Според него, се работи за проект кој е навистина регионален и кој ќе придонесе за да се одржи скијањето, да се подобри безбедноста на скијачите кои скијаат на Пониква, да се придонесе и за развој на зимскиот туризам на Пониква.
