Со Уредба на Владата е предвидено дека секоја работничка на која породилното ѝ завршило по прогласување на вонредната состојба, на 18 март, има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата
Платеното породилно отсуство ќе продолжи додека траат времените мерки за заштита од коронавирусот, соопштија од Владата.
За таа цел е донесена Уредба со законска сила, во која со членот четири е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки.
„Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање и/или посвојување по прогласување на вонредната состојба, на 18.март 2020 година, има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата. Наведеното отсуство може да се користи сè додека траат времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба,“
соопштија од Владата.
