Вчера во Грција беа регистрирани 97 случаи на новозаразени за 4 дена, но според Владата тие не се туристи туку грчки државјани кои дошле од странство
Грција не го менува планот за турзам и веројатно в четврток Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе соопштат како ќе се врши тестирањето на турситите на ковид-19 по случаен избор.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифингрече дека тестирањето е всуушност за заштита на туризмот од „увезени случаи”, јави МИА од Атина. Како што претходно беше објавено, во Грција за туристите нема да има задолжителен тест, туку ќе се прават тестирања по случаен избор.
Откако вчера во Грција беа објавени 97 нови случаи на ковид-19 за четири дена, Пецас рече дека всушност тоа се случаи од регионот на градот Ксанти и 30 кај патници кои од странство пристигнале во земјата, за кои истакна дека поголемиот дел биле Грци кои се вратиле и нема поврзаност со турстичкиот бран.
Портпаролот на грчката Влада објасни дека земјата останува на планот за постепено отворање на границите, почнувајќи од 15 јуни.
„Сега се подготвуваме за следниот голем чекор што е отворање на сезонските објекти. Од 15 јуни ќе ги пречекаме туристите од аеродромите што се на листата на Европската организација за безбедност во воздухопловството и се со добра епидемиолошка слика. Истиот ден, освен на аеродромот во Атина, одново започнуваат летови и кон аеродромот во Солун, додека пак на 1 јули се отвораат сите аеродроми во земјата“,
рече Пецас.
Пецас повтори дека земјата има уште чекори да направи на патот до „новата нормалност” и порача: Да не се опуштиме.
„Ако се опуштиме, тоа ќе го платиме. Еден месец по карантинот, епидемиолшката слика на земјата останува добра. Но, тоа не не’ успокојува. Не завршивме со коронавирусот. Нашето внимание, со ист интензитет го насочуваме како кон внатрешноста, така и кон надвор“,
истакна Пецас.