Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт објави дека започнува безбедносна истрага

Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, изјави дека се пронајдени остатоците од противпожарниот авион на Генералната дирекција за шумарство на Турција, кој исчезна во Хрватска.
„Остатоци од противпожарниот авион на Генералната дирекција за шумарство, кој го загуби радиоконтактот во Хрватска, се пронајдени во близина на градот Сењ. Се молам за нашиот пилот кој загина во оваа трагична несреќа и изразувам сочувство до неговото семејство и најблиските“,
рече Јумакли.
Претходно, Министерството за земјоделство и шумарство соопшти дека е изгубен радиоконтактот со противпожарен авион на Генералната дирекција за шумарство на Турција за време на лет во Хрватска.
„Два противпожарни авиони, кои припаѓаат на Генералната дирекција за шумарство, полетаа од Чанаккале во среда за закажано одржување во Загреб. Поради временските услови, двата авиона ја поминаа ноќта на аеродромот во Риека. Во четврток полетаа кон аеродромот во Загреб, но поради лошите временски услови почнаа да се враќаат на аеродромот во Риека. За време на повратната рута, едниот авион безбедно слета на аеродромот во Риека, но радиоконтактот со другиот беше изгубен“,
објави Министерството на социјалната мрежа Икс.
Како што пишуваат хрватските медиуми, пилотот издал повик за помош, таканаречен Итен случај, пред несреќата и набрзо исчезнал од радарот.
Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт објави дека започнува безбедносна истрага.
„На 13 ноември 2025 година, приближно во 16:53 часот по локално време, во близина на Криви Пут беше пријавен падот на авионот ‘ертрактор АТ 802’, со регистрација на воздухоплов ОР 2025, кој летал на кружна рута од аеродромот Риека до Загреб и назад. Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт беше известена за инцидентот веднаш по настанот и, во согласност со одредбите од Регулативата (ЕУ) бр. 996/2010, започнува безбедносна истрага“,
објавија тие.
Хрватската Дирекција за цивилна заштита попладнево објави дека во близина на Сењ, авион „ертрактор АТ-802“ се урнал за време на лет помеѓу Риека и Загреб.
Пожарникарите од противпожарната служба на Сењ го пронашле турскиот авион, пожарот го изгаснле. а било пронајдено и телото на пилотот.
