Годинава, според него, по првпат има 77 000 граѓани што се вакцинирани против грип, што е најдобрата заштита од ова заболување
Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, посочувајќи дека секоја година во тој период има зголемување на бројот на пациенти со грип што бараат здравствени услуги.

Во моментов, како што рече, не е алармантен бројот на заболени од грип споредено со претходните години.
„Сè уште не сме во тој пик на сезонскиот грип за да правиме соодветна компарација меѓу оваа и претходната година“,
вели тој.
Годинава, според него, по првпат има 77 000 граѓани што се вакцинирани против грип, што е најдобрата заштита од ова заболување.
„Останаа уште 3 000 вакцини против грип. Граѓаните не треба да се пријават во системот за вакцинација, туку можат директно да одат во здравствеените институции и да се вакцинираат“,
рече Алиу.
Апелира дека вакцинацијата е единствениот начин да се заштити популацијата што спаѓа во кластер сензитивност, како што се постарите лица, бремените жени и здравствените работници.
