Навивачите, како што велат од МВР, биле под дејство на алкохол, не ги почитувале правилата и агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот

Еден словачки државјанин е приведен, а на десет други лица не им бил дозволен влез во Северна Македонија по инцидент на меѓународниот аеродром „Скопје“, каде што групата била пријавена за агресивно и недолично однесување за време на летот и по слетувањето.
Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје синоќа, околу 20:30 часот, од службите на аеродромот и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Пријавено е дека повеќе лица, кои биле дел од навивачка група и биле под дејство на алкохол, не ги почитувале правилата на воздухопловот што пристигнал од Словачка. Тие агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Од МВР велат дека приведен е Л. Т. (38) од Словачка и оти против него ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
На 10 други лица од Словачка не им бил дозволен влез во државата од безбедносни причини.
