Жената, додаваат од СВР Велес, била задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава

Нарушување на јавниот ред и мир имало утринава на бензинска станица во Кавадарци, каде полицијата привела 28-годишна жена од село Ваташа, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Жената е приведена откако со недолично и дрско однесување ги вознемирувала вработените и туркала предмети во објектот на бензинската станица.
Од СВР Велес соопштија дека настанот се случил утринава во 6:30 часот.
„Полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир. По доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив“,
се вели во соопштението од СВР Велес.
При преземањето на мерки, кај жената биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.
Жената, додаваат од СВР Велес, била задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
