Пијан возач во германскиот град Трир влетал во пешачка зона и убил четири лица, а 15 завршиле со повреди.
Меѓу загинатите е и едно деветмесечно бебе.
Возачот е 51-годишен маж од истиот град, кој е уапсен веднаш по несреќата и сега е осомничен за четири убиства, неколку обиди за убиства и намерно нанесување повреди. Обвинителот посочил дека кај него била пронајдена значителна количина на алкохол во крвта, а според првичните индиции истрагата исклучува можност инцидентот да е политички или верски мотивиран.
Очевидци, како што пренесува „Би-би-си“, изјавиле дека пешаците врескале панично, оние кои биле удрени „летале“ во воздух од силината на ударот.
За страшната несреќа се огласи и германската канцеларка Ангела Меркел која испрати сочувство до семејствата на загинатите, и на повредените им посака брзо закрепнување.
