Поради опасност од бегство и ризик дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и бара определување мерка притвор за 40-годишен скопјанец кој е осомничен дека извршил кривично дело телесна повреда.
Од Обвинителството посочуваат дека осомничениот на 8 јуни во алкохолизирана состојба телесно ја повредил мајка си.
„Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди“,
велат од Обвинителството.
Поради опасност од бегство и ризик дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.