Вчера, на предизборен митинг од Охрид, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека власта ги руши стратегиските позиции и дека ја приватизира државата за свои интереси
СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше, кажа на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека никој не очекува национална политика од Венко Филипче и СДСМ.
„СДС и Венко Филипче или имаат многу лош ПР или мислат дека народот заборава кои се тие. СДС се партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Заев, викаше како ако го смени името ќе му се скине жицата, го смени, а од жицата ништо. Сега и Филипче си најде своја жица, ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона-бизнис за Бугарија, државата од каде што со Заев вртат милиони, од адреси каде што фирма има и тој самиот. Венко Филипче праќа порака до Бугарите дека е спремен на сè, и тоа народот го гледа“,
кажа Петрушевски.
Резолуцијата за т.н. црвени линии за земјава, која пред една недела ја презентира Филипче, се фокусира на два аспекта.
Првиот се однесува на почитување на определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија.
Вториот – дека земјава е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, со исполнување на уставните измени, без прифаќање нови барања од билатерален или идентитетски карактер.
Вчера, на предизборен митинг од Охрид, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека власта ги руши стратегиските позиции и дека ја приватизира државата за свои интереси.