„Сите преземени акции од Обвинителството досега, сега и отсега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедило МВР. Министерството предаде обемна документација во Обвинителството и никој не е поштеден. Задача на Обвинителството е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беа уапсени 13 полицајци и полициски функционери кои биле на функција или на должност вечерта на 16 март кога се случи пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани
Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и сè е опфатено во документацијата – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, откако вчера беа уапсени 13 полицајци и полициски функционери кои биле на функција или на должност вечерта на 16 март кога се случи пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Петрушевски рече дека Министерството за внатрешни работи (МВР) доставило обемна документација до Јавното обвинителство во врска со случајот со Кочани уште пред еден месец, а сега, како што вели, Обвинителството има задача да постапи врз основа на таа документација и да постапи за секого за кого смета дека има вина.
„Сите преземени акции од Обвинителството досега, сега и отсега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедило МВР. Министерството предаде обемна документација во Обвинителството и никој не е поштеден. Задача на Обвинителството е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека според правната логика е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани“,
рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Ги оцени за лаги и манипулации тврдењата на СДСМ дека институциите постапуваат по притисок на опозицијата.
„Колку лица беа опфатени во истрагата за модуларната болница? Нула. Колку беа во Беса транс и Ласкарци? Нула. Тоа е разликата од МВР сега и од МВР кога СДС беше на власт. Нашиот правен систем е акузаторен, систем во кој МВР и другите органи се база за информации за Обвинителството, а Обвинителството е тоа кое мора да ја изгради теоријата на случајот. Постапување по доказите од МВР откако истите се предадени, и преземање на било какви дејствија е обврска единствено на Јавното обвинителство“,
додаде Петрушевски.
Повеќемина актуелни полициски службеници и началници од Кочани и од Штип вчеравечер беа уапсени во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени. Уапсени 13 полицајци и полициски функционери кои биле на функција или на должност вечерта на 16 март, кога се случи пожарот.
Тие се опфатени во истрагата што ја води ОЈО ГОКК во рамките на кои има специјализирано одделение за гонење полициски службеници за кои постојат сомневања дека сториле кривично дело.