Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите членки кои придонесуваат во т.н. зајакнато присуство на Алијансата во Летонија, како и на состанокот на Контакт-групата за Украина
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во Брисел ќе учествува на дводневниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана за земјите членки на НАТО
Петровска и министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот.
Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. зајакнато присуство на Алијансата во Летонија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.
Во седиштетот на Алијансата, како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната Камил Гранд, а ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.