Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска вели дека бара целосна истрага во врска со снимката на која се гледа како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, излегува од фитнес-сала во време на пандемија.
„Разговор имало, а за содржината прашајте го Мицковски. Јас барам да се спроведе законот и затоа барам целосна и темелна истрага која во 21 век и во време на дигитална форензика нема да се сведе на изјави за тоа кога се наместени шкафчињата со вратички или без вратички. Ако Мицкоски навистина не бил во теретана во време на пандемија, ќе ми биде благодарен што поддржувам целосна истрага и наместо да се заканува ќе му биде благодарен на дополнителниот помошник што побара вештачење на снимките.Оставете ги вработените да го спроведуваат законот, тогаш кога грешите признајте и извинете се, не измислувајте изговори, затоа што секој нареден ви е полош од претходниот“,
напиша Петровска на Фејсбук.
Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште живеат во стар и лош филм.
„Времето кога се снимаа телефонските разговори на вработените во министерството, а богами и на министри, директори, пратеници, опозиција, граѓаните е завршено. Опремата ја уништивте мислејќи дека ќе ги избришете доказите. Ама не можете да ги избришете трагите на режимот во кој владеете и затоа не се обидувајте со лаги да го оправдате отсјајот“,
пишува Петровска.
