Петнаеседгодишно дете е прва жртва на потресите во Загреб, потврдиле за хрватската новинска агенција ХИНА од Заводот за итна медицина во Загреб.
„Добивме повик за уривање на зграда. Екипа на итната помош излезе на терен и најде тешко повредено дете кое веќе не покажуваше знаци на живот“, изјави Жарко Рашиќ, директор на Завод за итна медицина.
Детето е пренесено во Клиниката за детски болести, но таму е констатирана смрт.

Два силни потреса, првиот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во 6:24 часот, а вториот од 5 степени во 7:00 часот, го погодија денеска рано наутро Загреб. Имаше и трет удар со јачина од 3,7 рихтерови степени во 7:41 часот.

*поврзана вест Два силни земјотреса во Загреб, има повредени и штета