Во сообраќајката се судрија два автомобили со струмички регистарски таблички, од кои едниот марка „форд“, а другиот „цитроен“
На регионалниот пат Струмица – Берово, во правец од селото Дабиле кон селото Петралинци вчеравечер во 21:50 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила со струмички регистарски таблички, од кои едното е марка „форд“, а другото „цитроен“, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, чии екипи извршија увид на местото на настанот.
Возилото „форд“ е управувано од З. А. (32) од селото Хамзали, Струмичко, а автомобилот „цитроен“ од Б. С. (49) од селото Свидовица, Струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З. А. и сопатниците од автомобилот „цитроен“, Ш. А. (75) и Д. А. (72), од селото Петралинци.
Со телесни повреди се здобиле и возачот Б. С. и петгодишно дете, сопатник во автомобилот марка „форд“.
Повредите на учесниците во сообраќајката се констатирани од лекари во Медицинскиот центар во Струмица.
Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) денеска информира дека регионалниот пат Струмица – Берово од утрово е во целосен прекин поради сообраќајната незгода што се случила синоќа.