Во последните 24 часа се направени 2 619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на ковид. Според податоците од Министерството за здравство, 16 се од Скопје, 9 од Куманово, 2 од Тетово и 1 од Прилеп. Регистрирани се и 23 оздравени пациенти, а починати се пет лица.
Тројца од починатите се од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72). Сите починале во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 821 365 тестирања.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 469, бројката на оздравени пациенти е 149 551, на починати е 5 467, а бројот на активни случаи изнесува 451.
Најмногу активни има во Скопје – 212, во Куманово 47, Прилеп 34, Тетово 21, Кичево 22. Со ниту еден активен случај на ковид се Богданци, Дојран, Пробиштип, Пехчево и Демир Капија.
