Во затворот во Штип вкупно пет осуденици се позитивни на ковид-19, а за уште две лица се чекаат резултатите од направените тестови, потврди директорот на затворот Мики Тодоров.
Како што пренсе МИА, петте осудени лица кои се заразени со коронавирусот се во добра состојбата и досега не покажале потешки симптоми. Меѓу заразените се и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и Митко Пешов поранешен началник на специјалнте полициски сили.
„Нашиот лекар секојдневно ги прегледува и им ја дава потребната терапија и е постојано во контакт со инфектолозите од штипскиот ковид-центар“,
додаде Тодоров.
Троjца вработени во оваа казнено-поправна институции исто така се позитивни на коронавириусот, а досега болеста ја поминале 15 вработени. Тодоров вели дека деновиве го доставиле и списокот на вработени, кои сакаат да се имунизираат, околу 60 проценти од вработените пројавиле интерес.
Во штипскиот ковид-центар во изминатите 24 часа починаа четворица пациенти, двајца од Штип и по еден од Берово и Виница на возраст од 64 до 74 години. Хоспитализирани се вкупно 75, а 47 се на постојана кислородна поддршка.
