Во текот на изминатиот викенд на истиот граничен премин откриени се и три возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација
Петмина граѓани се обиделе да поминат на граничниот премин „Табановце“ со фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирусот, соопшти МВР.
Тие се откриени во саботата при пасошка контрола. Станува збор за три лица од Скопје, едно од Кочани и едно од кумановското село Тромеѓа.
По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против нив ќе бидат поднесени пријави.
Во текот на изминатиот викенд на истиот граничен премин откриени се и три возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.
„На 11 и 12.02.2022, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило ’митсубиши‘, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација“,
соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека Државниот инспекторат за транспорт изрекол соодветни санкции за возачите и возилата.