Бугарскиот премиер најави дека министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, ќе биде во делегацијата која во Скопје ќе оддаде почит по повод 150- годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Во Република Северна Македонија и во Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје, пренесува МИА.
Петков рече дека со Ковачевски се познаваат неколку недели и дека сето она што е договорено било исполнето.
„Од нас зависи и ние ќе направиме се за да постигнеме добрососедство. Наведениот став го потврдивме и во разговорите“,
рече бугарскиот премиер.
Петков најави дека утре заедно со претседателот Румен Радев, во 17.30 часот во Благоевград, ќе одадат почит на споменикот на Гоце Делчев. Пред тоа, Петков и в.да амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крастевски, ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија.
На излегување од БНТ, Петков најави дека бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, ќе го посети Скопје и ќе одаде почит по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тоа ќе го направи заедно со македонската министерка за култура.