Бучковски, пак, е убеден дека во наредните месеци Бугарија ќе го деблокира почетокот на преговорите за членство на С Македонија во ЕУ
Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е работата што мора да ја завршат и македонската и бугарската страна, за да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарска Нова.
Петков изразува надеж дека добрососедството ќе биде водечко, но тоа, како што вели, бара многу работа од двете страни.
„Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно“,
потенцира Петков.
Специјалниот пратеник на македонската влада за Софија, Владо Бучковски, пак, е убеден дека во наредните месеци Бугарија ќе го деблокира почетокот на преговорите за членство на С Македонија во ЕУ.
„Во 2021 година, Бугарија немаше редовна влада цели осум месеци. Во земјата имаше три парламентарни и едни претседателски избори. Тоа сериозно влијаеше на нашите напори да најдеме заемно прифатливо решение и да ја укинеме блокадата на нашиот пат кон ЕУ“,
рече Бучковски
Според него, и покрај овие непредвидени околности, постигнат е напредок во градењето доверба меѓу двете земји.