На вонредна прес-конференција вечерва претседателот на Бугарија, Кирил Петков, изрази јавна благодарност за пратениците од „Има таков народ“ кои ја напуштија партијата и со тоа одлучија сепак да останат во владејачкото мнозинство, пишива БНТ.
„Сакам да им се заблагодарам за големата храброст на луѓето како Радостин Василев, кој во последните месеци со сите сили се бореше за борба против мафијата во спортот. Благодарност и до Георги Георгиев, Иво Атанасов, Николај Радулов, Дејан Петков и Светлин Стојанов. Денеска видов некои храбри луѓе кои знаат дека нивната лојалност не е кон бекстејџ пејачот со неговите 20-годишни пријатели и Орлин Алексиев и друштвото, Петков. Овие луѓе се навистина храбри, Бугарија има шанса. Мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер“,
изјави Петков.
Претходно, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, рече дека поради Северна Македонија и финансиската криза во државата ќе ги повлече министрите од оваа партија од Владата, за набргу потоа осум пратеници да одлучат да ја напуштат партијата на Трифонов и на тој начин да останат во влајдечкото мнозинство.