По околу три и пол часа дебата, бугарското Народно собрание, со 170 гласа „за“, 37 „против“ и 21 „воздржан“, предмалку усвои декларација со која, како што се наведува во текстот, се утврдуваат условите под кои Република Бугарија може да ги поддржи следните чекори во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. За неа гласаа пратениците на ГЕРБ, Демократска Бугарија, ДПС и Продолжуваме со промените
Петков, како што и самиот изјави, в понеделник ќе поднесе оставка, откако неговата влада завчера не го преживеа гласањето недоверба
Бугарскиот парламент донесе историска одлука, напиша на социјалните мрежи бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, откако бугарското Собрание со 170 гласа „за“ усвои резолуција за условите под кои Бугарија ќе го дигне ветото за ЕУ-интеграцијата на С Македонија.
„Денеска Собранието на Бугарија усвои историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлогот за приклучување на Северна Македонија во ЕУ. Интеграцијата на Западен Балкан е од стратешки интерес за ЕУ“,
напиша Петков.
Днес ?? парламент взе историческо решение, което дава зелена светлина на ?? предложение за присъединяване на Северна Македония ?? в ЕС. Интеграцията на #ЗападнитеБалкани е от стратегически интерес за ??.
— Kiril Petkov (@KirilPetkov) June 24, 2022
По околу три и пол часа дебата, бугарското Народно собрание, со 170 гласа „за“, 37 „против“ и 21 „воздржан“, предмалку усвои декларација со која, како што се наведува во текстот, се утврдуваат условите под кои Република Бугарија може да ги поддржи следните чекори во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. За неа гласаа пратениците на ГЕРБ, Демократска Бугарија, ДПС и Продолжуваме со промените.
Одлуката, во суштина, значи прифаќање на францускиот предлог, под одредени услови. Тоа е и ревизија на досегашната официјална бугарска позиција во однос на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.
Во последен момент беше интервенирано во една од одредбите на предлогот поднесен од лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, која се однесува на споменувањето на Договорот од 2017 година и протоколите што произлегуваат од него во Преговарачката рамка.
Петков, како што и самиот изјави, в понеделник ќе поднесе оставка, откако неговата влада завчера не го преживеа гласањето недоверба.