Нападот се случил во областа Холосиевски, кога вооружен маж почнал да пука кон цивили. Напаѓачот се засолнил во супермаркет каде држел заложници и пукал кон полицајците кои се обидувале да го приведат
Пет лица загинаа, а десетици се повредени во вооружен напад на улица во Киев. Меѓу повредените има и 12-годишно дете, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Нападот се случил во областа Холосиевски, кога вооружен маж почнал да пука кон цивили. Според информациите објавени во медиумите, напаѓачот се засолнил во супермаркет каде држел заложници и пукал кон полицајците кои се обидувале да го приведат.
„Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко штотуку објави дека е елиминиран напаѓачот кој пукаше во луѓе во Киев. Сите околности се разјаснуваат. Во моментов е познато дека пет лица се убиени. Им изразувам сочувство на нивните семејства и најблиските“,
напиша Зеленски.

Полицијата ги истражува мотивите и околностите за нападот. Според првичните информации напаѓачот по потекло бил од Русија.
„Утврдено е дека напаѓачот запалил стан пред да излезе на улица со оружје. Претходно бил гонет за кривични дела. Долго време живеел во регионот Доњецк и е роден во Русија. Сите достапни информации за него и мотивите зад неговите постапки темелно се истражуваат. Секој детаљ мора да се потврди“,
соопшти Зеленски.
