Лицата, кај кои првично се констатирани телесни повреди, со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во здравствени уставнови во Скопје заради укажување помош
Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила на автопатот Скопје-Велес, велат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сообраќајната несреќа се случила во 16:20 часот, а во неа учестувале две патнички возила.
Повредените лица со возила на Итната медицинска помош, според МВР, биле пренесени во здравствени уставнови во Скопје заради укажување медицинска помош.
Оттаму додаваат дека на местото на несреќата увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
Инаку попладнево, дел од медиумите повикувајќи се на информации на социјалните мрежи објавија дека кај наплатната рампа „Петровец“, на автопатот Скопје-Велес дошло до верижен судир помеѓу повеќе возила како последица на намалена видливост поради густата магла.
