Во северниот дел на главниот град, остатоци од беспилотни летала паднале во населба со викендици, а во североисточниот дел од градот има остатоци на отворен терен

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко, на Телеграм, пренесе „Укринформ“.
„Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се лекува надвор од болницата“,
информира Кличко.
Според него, пожар избувнал во сервис за автомобили во југозападниот дел на Киев. Во северниот дел на главниот град, остатоци од беспилотни летала паднале во населба со викендици, а во североисточниот дел од градот има остатоци на отворен терен.
Градоначалникот Кличко додаде дека сите служби за итни случаи и спасување се на местото на нападот.
