Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјава за Фредерик Плајтген од Си-ен-ен кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара и додаде дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.
„Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија. Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот. Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара“.
истакна Песков.
Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на претседателот Путин му соопшти дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.