Запрашан за војната на Русија против Украина, тој рече дека „во моментов нема основа за договор“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за „Њујорк тајмс“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде реизбран со 90 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија следната година, пренесува Медуза.
„Нашите претседателски избори всушност не се демократија, тоа се скапа бирократија. Господинот Путин ќе биде реизбран следната година со повеќе од 90 отсто од гласовите“,
ја цитира „Њујорк тајмс“ изјавата на Песков.
Запрашан за војната на Русија против Украина, тој рече дека „во моментов нема основа за договор“.
„Ќе ја продолжиме операцијата во догледна иднина“,
најави тој.
Тој исто така рече дека Русија не сака да анектира повеќе територии и дека „ние само сакаме да ја контролираме целата земја што тие досега ја запишаа во рускиот Устав како нивна“. По анексијата на украинската територија, во рускиот устав беа додадени самопрогласените Донецка Народна Република и Народна Република Луганск, како и областите Херсон и Запорожје.
Подоцна, Дмитриј Песков за РБК нагласил дека американските новинари „погрешно го цитирале како и обично“.
Тој објаснил дека лично е убеден оти Путин ќе биде избран. Тој додал дека „прашањето било за избори и одговорот бил дека изборите се она што го бара демократијата и самиот Путин одлучил да ги одржи, но теоретски, тие дури и не мора да се одржат бидејќи е јасно дека Путин ќе биде избран“.