Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1 000 денари. Ова се првите 100 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија, одлучи Владата на денешната седница.
Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11 000 до 14 000 денари, во четврток од 14 000 до 18 000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18 000 денари.
Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички.