Сепак, портпаролот на Пентагон Кирби предупреди дека може да се очекува Русија да ги обнови трупите и да ги врати на бојното поле наместо да ги врати дома. Според него, некои од руските сили можеби веќе се преместиле во Белорусија
Руските сили се многу блиску до центарот на Мариупол, соопшти портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
На брифингот за новинарите во Пентагон, Кирби ја обвини Русија дека цели на цивилна инфраструктура, станбени згради и болници.
„Градот штотуку е бомбардиран од воздух при што тој се унишува од структурна перспектива“,
рече Кирби.
Кирби, исто така, рече дека во „соодветно време“ САД ќе ги разгледаат лекциите научени од војната и нивната улога во поддршката на украинските сили.
„Сите сакаме да учиме од работите како што ги гледаме и ќе учиме од нашето однесување овде, нашите напори да и помогнеме на Украина да се одбрани“,
рече Кирби.
Пентагон исто така објави дека Русија почна да преместува 20 отсто од своите сили распоредени околу главниот град Киев.
Сепак, Кирби предупреди дека може да се очекува Русија да ги обнови трупите и да ги врати на бојното поле наместо да ги врати дома. Според него, некои од руските сили можеби веќе се преместиле во Белорусија.
Претходно и руското Министерство за одбрана објави дека има прегрупирање на силите околу Киев и Чернихив, бидејќи целта на првата фаза од воената операција е завршена.
Портпаролот на Министерството Игор Конашенков изјави дека следната фаза е завршување на операцијата за целосно ослободување на Донбас.
Според него, почетната фаза на воената операција на Москва вклучувала принудување на украинската армија „да ги концентрира своите сили, средства, ресурси и воена опрема за да ги задржи големите населби во тие правци, вклучувајќи го и Киев“. Тој додаде дека на тој начин Украина е спречена да ги користи тие сили – во Донбас.
Во исто време, според портпаролот на министерството, со цел да се создадат сите неопходни услови за последната фаза од операцијата „ослободување“ на Народна Република Донбас, Русија продолжила да таргетира „долгорочни одбранбени утврдувања создадени од Владата во Киев во изминатите осум години“.
Затоа, нагласи Конашенков, целта на прегрупирањето на руските сили е да се интензивираат операциите во приоритетните области и пред се да се заврши операцијата за целосно „ослободување“ на Донбас.
Од Пентагон тврдат дека околу 1 000 луѓе поврзани со Вагнер-групата, паравоена група спонзорирана од Русија, сега се во регионот на Донбас во Украина.
Портпаролот Кирби вели дека САД гледаат дека Русија станува многу поактивна во регионот на Донбас во последните денови.
Борците на Вагнер се борат во Донбас во последните осум години, така што ова е област каде што е групата Вагнер е искусна, додаде портпаролот на Пентагон.