Промените вклучуваат одбрана од балистички ракети, борбени авиони, бомбардери Б-52 и други типови воени авиони
Ново распоредување на американската војска и оружје на Блискиот Исток во следните месеци, соопшти синоќа Пентагон.
Во соопштението се потенцира дека ако Иран или неговите партнери и поврзани групи ја искористат оваа ситуација за напади врз американски персонал или интереси во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита.
Новото воено распоредување вклучува одбрана од балистички ракети, борбени авиони, бомбардери Б-52 и други типови воени авиони.
Ова доаѓа во време кога Израел, кој е главен сојузник на САД и е во конфликт со Иран и неговите регионални сојузници од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година.
Оттогаш Израел отвори нов фронт и со либанската групација Хезболах на северната граница.