Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, преку социјалната мрежа Твитер ги повика демонстрантите да го напуштат Капитол Хил.
„Мирните протестите се право на секој Американец, но, овој напад на нашиот Капитол, нема да се толерира. Насилството и уништувањето кое се случува во Капитол мора да престане сега. Сите кои се инволвирани мора да ги почитуваат полициските службеници и веднаш да ја напуштат зградата“,
напиша Пенс на твитер, откако беше евакуиран на тајна локација.
