Емисијата „360 степени“, во која гостува претседателот Стево Пендаровски, се емитува вечерва (6 ноември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ со шефот на државата Стево Пендаровски разговараме за:
-ветото во најава од Бугарија;
-политичкиот земјотрес на Косово;
-наводите во австрискиот печат дека напаѓачот од Виена, Кујтим Фејзулаи (од с. Челопек, тетовско) се обучувал во „логор за обука на терористи во Северна Македонија“;
-изборите во САД и влијанието на речиси извесната промена на администрацијата во Белата куќа на политиката кон регионот;
-уставната основа за наредбата за ангажман на Армијата во справувањето со ковид-19.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.