Шефот на државата не откри и што правеле петтемина руски дипломати кои Северна Македонија одлучи да ги протера и нагласи дека дека тие излегле од својот дипломатски статус
Претседателот Стево Пендаровски во изјава за Телма ТВ вели дека не може да ја коментира изјавата на Кирил Петков дека руски агенти работеле против односите помеѓу Софија и Скопје, но со оглед дека тој е актуелен премиер, смета шефот на државата, треба да му се верува.
„Изјавата на Петков не можам воопшто да ја коментирам затоа што се базира на сознанија и информации од бугарските институции и служби. Меѓутоа, бидејќи се работи за актуелен бугарски премиер, треба да му се верува“,
вели Пендаровски за Телма ТВ.
Пеков во изјавата кажа дека во Бугарија е формирана прилично голема руска дијаспора на агенти и дека има такви кои работеле конкретно против разбирањето помеѓу Скопје и Софија.
Пендаровски не сакаше да открива и од кои причини Северна Македонија протера петмина руски дипломати, но порача дека тие излегле од својот дипломатски статус.
„За тие петмина руски дипломати, со формален статус на дипломати, рековме дека излегле од статусот со кој се имаат пријавено кога дошле првпат кај нас. Значи не биле дипломати. Не можам да влегувам во детали бидејќи тоа се разузнавачки информации што точно работеле надвор од она што го пропишува Виенската конвенцијата“,
вели Пендаровски.
МНР на 28 март годинава соопшти дека ги прогласила петтемина дипломати за персона нон грата за што на рускиот дипломат во земјава, Сергеј Бездникин, му беше врачена и дипломатска нота.