Интервјуто на шефот на државата ќе се емитува вечерва (1 мај 2020 г.) од 22 часот во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат
Претседателот Стево Пендаровски вечерва гостува во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, а една од темите на интервјуто се последните случувања во македонско-бугарските односи и нивното влијание врз преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
„Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ“, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.
Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.
Емисијата „360 степени“ почнува во 22 часот на ТВ Алсат.